-->
-->
Производството на донер можност за отворање нови бизниси
-->

Вториот ден од Светскиот самит на донер што се одржува викендов во Скопје ќе го отворат амбасадорот на Република Турција Омур Шолендил, претседателот на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и министерот без портфељ во Владата на Република Турција задолжен за билатерални односи Фуркан Чако.
Како што соопшти МАТТО, на Самитот учествуваат околу 100 бизнисмени од 20 земји, но најмногу од Република Турција, а изложена е и донер-опрема од 12 производители.
Стопанствениците го промовираат деловниот потенцијал на оваа гранка и бараат партнери за заеднички вложувања во Република Македонија, како и македонски партнери за инвестирање во регионот.
Самитот го организира Меѓународното здружение на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема со седиште во Република Турција.
Здружението брои 250.000 членки и ја преставува светската индустријата на донер со годишен обрт од еден трилион долари и 500 милиони оброци дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст