Бизнис
27. March 2018 - 19:54

Производителите на зелка со закани - излегуваме на улица ако цената падне под 25 денари за килограм

Ако цената на зелката падне под 25 денари земјоделците од струмичко повторно ќе протестираат.

Велат недозволиво е на стартот на откупната сезона откупувачите да им нудат толку мал износ.

Откако вчера цената од 35 падна на 30 денари тие се плашат дека ќе се повтори состојбата од минатите години кога цената не им ги покривала ни производствените трошоци.

По денешната средба од Министерството за земјоделство добиле уверување дека државата ќе интервенира доколку има потреба.

Од МЗШВ велат дека ја следат состојбата. Откупната цена ја диктира пазарот. Тие ќе интеревенираат само доколку се јават проблеми со пласманот и земјоделците претрпат штети.

Станува збор за зелка наменета за извоз. Земјоделците посочија дека има голем интерес за откуп и нема да има вишок. Тие од државата добиваат  500 евра субвенции по хектар површина.