Производителите на медицински канабис 3 години складираат масло, очекувајќи дозволи за извоз
Се што досега е произведено во фабриките за медицински канабис во земјата завршува складирано во магацини. Компаниите немаат пристап на европските пазари поради законската пречка. Голем број од нив работат на исполнување на строгите киритериуми што ги бара ЕУ и плаќаат и по 30 000 евра за овластена комисија од странство да направи увид. Очекуваат дури од наредната година македонското масло од канабис да заврши и во други земји. Дотогаш треба да поминат и измените на законот за опојни дроги со кои ќе можат да извезуваат и цвет.
- Ние не сме членка на ЕУ и има многу критериуми што мора да ги исполниме и до крајот на годината би можело да се стори тоа. Сега немаме никаков извоз, вели Костадин Дуковски, претседател на здружение на производители на медицинск иканабис
- Мојата компанија која втора доби лиценца, имам досега произведено да десет години. Плаќаме странски експерти, но мора тие строги критериуми да ги имаме, вели Божидар Кошча, сопственик на фабрика за прозиводство на медицински канабис.
Производителите на медицински канабис велат дека и во земјата мора да има добро дефинирање на законот бидејќи досега многу фирми не биле свесни што ги чека откако ќе ја добијат лиценцата. Немаат ништо против најавите на министерот за здравство дека ќе има данок на извозот.
- Во ред е доколку е тоа добро регулирано. Контрола мора да има, што и колку и на колкав простор да биде насадот, вели Дуковски.
Досега 23 компании во земјата имаат лиценци за производтсво на медицински канабис. Пред еден месец формирале и здружение за полесно да дејствуваат и да бидат вклучени во подзаконските акти.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
