Производителите на бостан незадоволни од откупните цени
Само што започна сезоната на бостанот, а производителите веќе се соочија со старите проблеми. И оваа сезона се жалат на лош пласман и ниски цени. На пазарот на големо во Колешино за една тракторска приколка од 3 до 4 тона трговците им нуделе по 10.000 денари, сума која е под секоја пазарна и производствена логика. Велат дека со ваквите цени не можат да ги покријат ниту основните производствени трошоци.
Проблемот со ниските цени и слабиот пласман со кој се соочуваат веќе неколку сезони бил причина годинава површините со бостан да бидат преполовени. Доколку овој тренд продолжи и во иднина земјоделците не ја исклучуваат можноста целосно да го напуштат призводството на оваа култура.
Годинава дополнителен проблем за производителите на бостан беа и неповолните временски услови. Поради нестабилното време и обилните врнежи од дожд бербата започна многу подоцна од вообичаено, а количините на родот значително намалени.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар