Производителите и откупувачите на зелка се договорија - килограм ќе се откупува за 25 денари
По речиси 24 часовен штрајк производителите на зелка од Муртино седнаа на заедничка маса со откупувачите и претставниците на министерството за земјоделие. Договорија проблемите во идинина да ги решаваат преку дијалог. За таа цел ќе бидат формирани две работни групи, една составена од производители, а друга со откупувачи и преку меѓусебни координации да доаѓаат до најдобрите решенија.
,, Моментално ќе се откупува на 25 денари и ако има потреба за помала цена ние ќе бидеме известени, ќе бидеме заедно со нив. Они дадоа предлози што ќе се бара и на која цена ќе се бара. Од нас е да ги испочитуваме и да им го дадеме тоа што го бараат на 25 денари.,, вели Кире Најданов , производител на зелка.
На состанокот кој траеше неколку часа беше разговарано и за тоа како да се надмине долгогодишниот проблем со недефинираните цени, односно повеќе да не сеслучува да подигаат амбалажа на една, а на предавањето на стоката да добиваат друга, пониска цена од договорената.
,, И од двете страни земаа обврски преку тие свои групи и свои членови кои ќе бидат, тоа да се прави пред препоставки дека е можно да дојде до пад на цената, ден пред тоа да се разговара, да се запознаат. Ако дојде до пад на цената, поради кои причини е тоа, дали од страна на пазарот каде што се извезува и не само тоа туку исто така и зборувајќи и за квалитетот.,, рече ТРАЈАН МИЛКОВСКИ – МЗШВ
До заедничката средба помеѓу земјоделците и откупувачи дојде по вчерашниот протест на производители на зелка од Муртино кои револтирани од падот на цената за пет денари го блокираа центарот на селото и влезот на еден од откупните пунктови. Тие таму останаа до раните утрински часови не дозволувајќи натоварените камиони да тргнат на пат.
Новинар: Зоран Ѓорѓиев