Прогресивниот данок ќе влијае на берзата
Прогресивниот данок ќе влијае на работењето на берзата. Даночењето со стапка од 15 отсто на капиталните добивки ќе почне во 2020 година и поради тоа сеуште е рано да се даде било каква оценка вели првиот човек на македонска берза Штеријев. Но со оглед на тоа дека станува збор за новина на пазарот на капитал очекува повисокиот данок да влијае на одлуките на инвеститорите.
Од следната година УЈП ќе има увид и во сметките на граѓаните. Министерот Тевдовски вели дека пристапот на приливи им е потребен за подготовка на даночните пријави за да ја изготват годишната даночна пријава- обврска која во идина ќе ја има управата. Граѓаните пак ќе имаат задача да ги потврдат одатоците во пријавата.
Догодина и државните обврзници ќе можат да котирата на берза. Со тоа тие ќе бидат достапни освен за домашните и за странските инвеститори.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
