Програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”

На вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт” националниот коодинатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Македонија, Марјан Забрчанец, истакна дека во изминатите две и пол година преку Владата како централна извршна институција успеа да ги демократизира институциите.
– Институциите да ги опслужуваат граѓаните, наместо да ги злоупотребуваат, пропагандата ја претворивме во транспарентност – рече Забрчанец. Напоменувајќи дека ние сме прва држава во регионот која има акциски план за справување со дезинформации.
Забрчанец истакна дека нашата држава е лидер за трансперентност во регионот, но додаде дека со сигурност може повеќе и подобро.
– Но, она што мора да го имаме предвид е дека сите потврдуваат дека живееме слобода, прашајте го таксистот, пазарџијата, административецот, сите потврдуваат дека живееме во Слобода – рече Забрчанец.
На вечерашната трибина чијшто модератор е Марјан Забрчанец, говорници се Роберт Поповски, министер за комуникации, транспарентност и отчетност, ВРМ, Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Снежана Трпевска, од Институтот РЕСИС – комуниколог истражувач, Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис и Драган Антоновски, МИА.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
