Програма за зголемување пазарна вработливост

Да се креираат над 2.000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на повеќе од 1.000 мали и средни претпријатија.
Такви резултати во наредните четири години треба да даде програмата за зголемување на пазарната вработливост, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Ќе ја спроведува Свисконтакт во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.
За примена на програмата во понеделник ќе биде потпишан меморандум за разбирање за заемна соработка меѓу претставници на Амбасадата на Швајцарија во Македонија и на Владата на РМ. Првата фаза од програмата ќе трае до април 2019, со буџет од 6,25 милиони швајцарски франци.
Програмата работи во три сектори во економијата: туризам, креативна индустрија и зелена економија. Во соработка со приватниот сектор ќе се работи на подобрување на можностите за зголемен пристап до меѓународните, регионалните и домашните пазари, на развој на производи, пристап до финансии и квалификувана работна сила со цел да се обезбеди раст на претпријатијата.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
