Програма на ЕБОР наменета за претпријатија раководени од жени
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Охридска банка, која е дел од Групацијата „Сосиете Женерал“, утре ќе ја претстават Програмата за жени во бизнис наменета за финансирање на претпријатија раководени од жени.
Кредитната линија во висина од 3 милиони евра од ЕБОР, кои ќе се користат преку Охридска банка, има за цел да го поттикне учеството на жените во економијата.
Програмата треба да им помогне на претпријатијата раководени од жени да обезбедат финансиски средства и практично знаење за да го развијат својот бизнис.
На презентацијата на програмата најавено е учество на претставници на Владата, шефот на Канцеаларијата на ЕБОР, Анка Јонеску, на директорката на секторот Корпоративно и инвестициско банкарство на Охридска банка, Нина Неданоска, како и на кординаторката за економска и трговска соработка во амбасадата на Шведска, Билјана Џартова - Петровска.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани