-->
-->
Прогласена вонредна состојба во Србија, властите се подготвуваат за евакуација
-->
Прогласена е вонредна состојба во 6 општини, а под вода се голем дел патишта, куќи, фабрики, училишта.
Властите се подготвуваат за евакуација на загрозеното население, јавуваат српските медиуми.
Поплавите се резултат на обилните количества врнежи.
Според српскиот сектор за вонредни ситуации, ноќеска паѓале околу 80 литри дожд на квадратен километар.
Директорот на секторот на српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ, изјави дека во тек е седница за прогласување вонредна состојба во Чачак и околината.
Што се однесува до остатокот од Србија, новото на водата расте во сите големи реки, но според Мариќ, тоа е во границите на редовната одбрана од поплави и тој не очекува поголеми проблеми.
„Последната информација е дека наврнале околу 80 литри на квадратен метар, додека прогнозата беше за максимални 50. Имаме ситуација на која предупредувавме. Тоа само кажува дека не може да им веруваме само на прогнозите, туку мора да бидеме и на терен да им помагаме на луѓето“, изјави Мариќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА