Прогласен победникот на „Пинк ѕвездички“

Како да е од друга планета, ја отпеа "Зајди, зајди" и сите ги остави во транс, со солзи во очите. На вчерашното супер-финале на "Пинкови Ѕвездички" победата отиде во рацете на неверојатниот талент, Марко Бошњак, кој од самото појавување во шоуто сите ги освои со својот глас.
Втората сезона на Пинкови Ѕвезди го доби вториот победник, додека на второто место заврши неверојатно талентираната Македонка, Мартија Станојковиќ. Нашата Антонија порано го напушти натпреварувањето и покрај изведбите за кои доби пофалба дека се за евровизија или некој престижен светски настан.

Мартија и Марко се бореа до самиот крај, а борбата беше неизвесна. Мартија како псоледна песна ја изведе "I dont wanna miss a thing" додека Марко „Зајди Зајди". Жирито плачеше, публиката во транс.
На крајот, гласовите од публиката одлучија дека малиот Марко ќе победи на овогодинешното шоу, а Мартија ќе биде второпласирана.
Иако сакавме да победи Македонка мора да признаеме, Марко е огромен талент и победата е заслужена без разлика во чии раце припадна.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
