Прогласен најгрдиот човек на светот, второпласираниот се буни
Мезон Сере, 42-годишниот невработен човек од Зимбабве е прогласен за најгрд човек во таа држава, на изборот во еден паб во престолнината Харере, а второпласираниот побара повторување на натпреварот.
Победникот Сере, облечен во распадната облека и без неколку предни заби ја однесе победата над пет натпреварувачи и освои наград од 500 долари како „Мистер Грд“. Оваа награда е прилично голема во државата во која владее огромна невработеност.
-Сакам да му се заблагодарам на Бога поради освојувањето на оваа титула, минатата година бев четврти, изјави Сере пред 200 гости во пабот.
Второпласираниот Вилијам Масвину, трикратен лауреат не е задоволен од утешната награда од 100 долари.
-Судиите не беа фер, организаторте ќе мора да го повторат натпреварот, вели Масвину.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?