Професорот Саво Климовски не доби поддршка - Опозицијата остро реагира на изборот на Јовески за уставен судија
Републичкиот обвинител Љубомир Јовевски за нов уставен судија наиде на жестоки критики од опозицијата. Јовески работи под палката на Бихачка, како досега дури беше обвинител, така и кога ќе стане уставен судија, само ќе ги прикрива криминалите и корупцијата која ја прави СДСМ и нема чесно да ја ја води функцијата, беа само дел од обвинувањата на адреса на Јовески, од страна на опозициските пратеници.
Додека опозицијата напаѓаше, власта молчеше. Ниту еден пратеник од владејачкото мнозинство не се јави во одбрана на Јовески, додека опозицијата на широко го претставуваше сиот изминат труд нивниот предлог- професорот Климоски. Но сепак, епитетите за предлозите на опозицијата не беа доволни да ја обезбедат поддршката на мнозинството од Комисијата за избори и именувања, па шесте предлози на ВМРО-ДПМНЕ засега останаа несудени уставни судии.
Меѓу нив вишиот обвинител од Штип, Тодор Витларов, судијата во пензија Бранко Секуловски, досегашниот јавен обвинител од Обвинителството во Охрид- Воислав Димовски. Одбиени беа и кандидатурите на судијката од Управниот суд, Весна Јовановска, како и професорите Родна Живковска и Саво Климовски.
Поддршка пак за да седнат на празните места во Уставниот суд, добија Татјана Васиќ Бозаџиева од министерството за правда, како и судијата во апелациониот суд Фатмир Скендер.
По Комисискиот, трите утврдени предлози треба да бидат изгласани на Собраниска седница.
Мандатот како уставни судии откако ќе бидат избрани ќе им трае девет години.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
