Професорката Ана Павловска Данева избрана за уставна судијка
Професорката Ана Павловска Данева е нова уставна судијка. Со 65 гласа ЗА и 26 ПРОТИВ, Собранието го потврди изборот, а Данева со свечена изјава вети дека функцијата ќе извршува одговорно и со почитување на уставот и законите.
Данева сепак не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата остана на ставот дека Данева како поранешна потпретседателка на СДСМ и пратеничка од нивните редови, ќе го партизира Уставниот суд во време кога судството добива критики од сите страни. Според СДСМ пак Данева е докажан професионалец.
Данева ја доби поддршката од пратениците само две недели откако беше номинирана за уставен судија, откако по речиси една ипол година СДСМ го повлече предлогот на оваа позиција да седне доскорешниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески.
Професорката го превзема 9-то столче во Уставен со што по повеќе од 2 години судот конечно ќе работи во комплетен состав.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар