-->
-->
Професорка била на смртна постела и им напишала писмо на своите ученици: "Ви благодарам што го споделивте Вашето пријателство со мене, вие сте неверојатни деца"
-->
Директорка на училиште која била на смртна постела им напишала писмо на своите ученици, кои тие го отвориле откако починала од рак, пренесува The Sun. Су Ист од Семерсет имала само 59 години кога починала на 19 декември минатата година.Таа на своите ученици од црковното училиште Сент Ендрус, каде работела, напишала емотивна порака и им се заблагодарила на пријателството.
Су на учениците им напишала дека наскоро ќе умре и дека дошло време да се впуштат во нови авантури. Во писмото наведе дека ја сакала својата работа во училиштето.
"Тоа е неверојатно училиште и вие сте неверојатни деца. Никогаш не помислив дека би можела да пронајдам толку радост на работа. Ви благодарам со мене што ја споделивте радоста и пријателство. Наскоро ќе дојде време да започнам нови авантури", напишала таа.

Останатите професори со децата разговарале за писмото и им пружиле поддршка на децата и нивните семејства.
Повеќе од 700 ученици, родители, поранешни ученици и вработени ја испратиле директорката, а на нејзиниот ковчег биле залепени цртежи со вили, пепетрутки, срца. Сите истакнале дека многу ја сакале и била забавна, добра и љубезна, а она што најмногу ќе го запомнат од неа е тоа што ги научила да веруваат во себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
