-->
-->
Проектот „Граѓанско учество во руралните средини“ претставен во Куманово
-->

Проект „Граѓанско учество во руралните средини“ денеска во Центарот за култура во Куманово беше промовиран пред младите од североисточниот регион. Целта на проектот е поддршка и едукација на младите, жените и лицата со попреченост од руралните средини за полесно справување со предизвиците во заедниците.
Проектот го спроведува „Норгес вел“ од Крива Паланка во партнерство со други организации и со поддршка на УСАИД - Проектот за граѓанко општество.
- Целна група ни се млади и жени на возраст од 15 до 24 години, со кои сакаме да воспоставиме соработка и да го пренесеме значењето од експертите за одредени демократски права и можности за развој на нивните средини, да ги поттикнеме нивните потенцијали и да ги охрабриме да се организираат во своите средини и да ги адресираат своите потреби до релевантните институции или до претставниците кои се креатори на нивните политики, изјави Даниела Анастасовска, координатор на проектот од „Норгес Вел“.
Партнери во спроведувањето на проектот се Центарот за рурален развој „Бујрум“ од Куманово и „Гласот на селото“.
Александра Тасиќ од „Бујрум“ посочи дека ова е почеток на проектот и дека за во иднина се планирани обуки. Се приклучиле како партнери бидејќи „Бујрум“ работи исклучиво со млади од рурални средини, што се вклопува во мисијата на нивната организација.
Проектот треба да продуцира млади луѓе од руралните средини обучени со вештини и знаења.
- Тие ќе имаат можност да научат што значи да се влезе во институциите на локалните и централните власти, да се разграничат надлежностите на локалната и централната власт, да се работи на демократски вредности кои ќе можат како права и можности да ги искористат во секојдневието во руралната средина, изјави Елизабета Цветковска од „Гласот на селото“.
Таа посочи на компаративно истражување помеѓу источниот и североисточниот регион, според кое североисточниот е најнеразвиен и не се тангирани младите, за разлика од источниот каде отварањето на Универзитетот во Штип ги привлекува младите и ги мотивира нивните активности.
Првичните резултати од проектот се очекуваат наредната година. Тој вклучува и медиумско учество со телевизиски дебати и со доставување официјализирана форма на барања до институциите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
