Живот
26. November 2023 - 18:14

Проект за подготовка на брза, но здрава храна во училиштето во селото Секирник

Училишниот оброк може да биде брзо подготвен и здрав. Училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во струмичкото село Секирник започнува проект кој има за цел да ги смени лошите навики во исхраната на децата. Преку интерактивна работилница во која се вклучија учениците, нивните родители и наставниците заеднички покажаа дека и за училиште може да се подготват брзи и вкусни оброци. Целта на проектот е да се поттикнат и да се усвојат позитивни промени во навиките на исхрана кај децата во развој.

Проектот доби поддршка и од родителите. Сметаат дека со заеднички ангажман може да се сменат лошите навики во исхраната, посебно кога се работи за училишниот оброк.

За лекарите ваквите иницијативи се многу важни бидејќи токму преку интерактивни работилници во кои се вклучени сите,  децата многу полесно ќе може да научат како да се хранат здраво.

Освен во Секирник, Проектот „Херои прави со оброци вкусни и здрави“ се реализира и во училишта во другите населени места кои работат во склоп на општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Иловица.