Проект „Мобилен оне стоп кариерен центар“ во 26 општини во Македонија

Во 26 општини во Македонија во наредните 12 месеци ќе се спроведе проект „Мобилен оне стоп кариерен центар". Целта е да се зголемат капацитетите на младите и жените за развивање вештини за вработување и самовработување, како и да се придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во осумте плански региони во државава.
Проектот ќе се спроведе со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.
- Треба да им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери, соопшти фондацијата Голдилокс.
Реализацијата на проектот, како што информираат, ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии. Покрај ова, ќе имаат можност за индивидуални сесии со кариерни советници, како и со експерт говорник со цел креирање кариерни планови и продлабочување на знаењата во индустријата.
Караванот на Мобилниот ОнеСтоп Кариерен Центар почнува денеска во Скопје, по што продолжува во Охрид на 21 јули, во Струга на 24 јули, во Велес на 28 август, во Кавадараци на 30 август, а ќе продолжи и во Прилеп, Струмица, Битола, Гевгелија, Кичево, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка и Кочани.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
