Проект „Брана Речани“ – пробиен патот до круната

Во тек е реализацијата на проектот за изградба на браната „Речани“ на Оризарска река кај Кочани. Се довршува пробивањето на пристапниот пат до круната на браната што ќе овозможи изведување на градежните работи.
При неодамнешната посета на Кочани, министерот за земјоделство, шумарство и востопанство Михаил Цветков изјави дека за недела-две ќе се објават финансиските услови за изградба на браната кои ќе бидат претставени на петте градежни фирми кои пројавиле интерес.
- При крај е и експропријацијата на земјиштето каде што ќе биде градена самата брана и новото вештачко езеро, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Вештачкото езеро ќе располага со капацитет од над 20 милиони кубици вода, кое ќе се користи за водоснабдување на над 80 илјади жители од Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, како и за изградба на три мали хидроцентрали и наводнување на нови 2500 хектари земјоделско земјиште.
Со изградбата на браната се очекува општината и поширокиот регион од источна Македонија да имаат придобивки пред се во развојот на рибарството и езерскиот туризам.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
