Македонија
27. October 2015 - 11:13

Проекција на два шведски филма во Кинотеката на Македонија

Во организација на Амбасадата на Шведска, вечер и утревечер во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе бидат прикажани шведските филмови „Его“ и „Хотел“.

„Его“ е дебитантски филм на режисерката Лиса Џејмс Ларсон од 2012 година кој тематизира што е навистина важно во животот, а „Хотел“ третира тема за луѓе кои поради лични проблеми посетуваат групна терапија. Одлучуваат да отидат некаде каде може да се обидат да бидат она што навистина сакаат да бидат – и почнуваат да одат од еден хотел во друг... Режисер на овој филм од 2013-та е Лиса Лангсет.

Влезот за двете проекции во Кинотеката е бесплатен за посетителите.