Продолжуваат средбите за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции
Министерството за информатичко општество и администрација денеска продолжува со брифинзите со засегнатите страни околу новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.
На средбата со претставниците на регионалните и локалните телевизии и радија најавено е присуство на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.
Вчера за новиот предлог закон беше одржана средба со претставници на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, на телевизиите на државно ниво преку сателит и на националните радија.
Од ресорното Министерство најавуваат дека и во следните денови ќе се одржуваат вакви брифинзи на кои ќе бидат поканети сите субјекти на кои се однесува законот. Целта, како што истакнуваат, е да се пренесат и доближат предложените законски решенија, но исто така и да се слушнат конструктивни забелешки и предлози за унапредување на предложениот закон.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда