Продолжуваат прекршувањата на превентивните мерки во Грција
![]()
Со намален интензитет, но и понатаму продолжуваат прекршувањата на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Грција, а за шест дена уапсени се 150 лица, во 145 случаи, според податоците од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во четвртокот, полицијата започна со секојдневни контроли и инспекции, а најголем број прекршувања беа регистрирани во саботата, кога беа уапсени 90 лица во 86 случаи.
Во следните денови, прекршувањата се намалуваат, во неделата беше уапсено 31 лице, во понеделникот 16, додека пак вчера, само седум, во исто толку случаи.
Една третина од прекршувањата, односно 54 се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
И покрај забраните, било откриено дека работат фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни и сл.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
