Loading Video...
Свет
18. March 2022 - 16:38

Продолжуваат нападите во Киев, гранатирана и фабрика во Лвов

Едно лице загина, а 19 се повредени во најновите руски напади во Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина. Уништен е станбен блок. 

Украинските власти ссоштија дека од утрово мета е и Лавов, град кој досега се сметаше за безбеден и дел од бегалците се упатуваа таму. Според нивните изјави погодена била фабрика за поправка на леталата во близина на аердромот во градот. 

-Ова е напад на Лавов, хуманитарен центар со најмалку 200.000 раселени луѓе кои веќе избегале од борбените зони. И овој напад е потврда дека тие не се во војна со украинската армија, туку со цивилите, деца, жени, раселени луѓе, изјави гувернерот на Лавов, Максим Крозицки.

Украинските власти велат дека непријателот не ги поштедува ниту Харков и Мариупол таргетирајки цивилни цели, на што реагираше Москва.

Во меѓувреме, шефот на украинската дипломатија соопшти дека Зеленски е подготвен да се сретне и да преговара со Путин. Доколку рускиот претседател покаже подготвеност средбата може да се одржи уште утре, вели Кулеба во изјава за весникот Украинска правда. 

Синоќа за тет а тет средба зборувал и рускиот претседател во телефонскиот разговор со неговиот турски колега. Детали од разговорот сподели Ибрахим Калин, советник на турскиот претседател, во интервју за Би-Би-Си. Откри дека Путин му рекол на Ердоган дека за некои од руските услови за крај на војната во Украина ќе мора да преговара еден на еден со Зеленски.