Продолжуваат истражувањата на локалитетот Коколов рид
Во тек се археолошките истражувања на локалитетот Коколов рид во с. Виничка Кршла како проект од национален интерес финансиран од Министерството за култура на Република Македонија за 2016 год.
- Истражувањата се одвиваат шеста година по ред во организација на локалниот археолошки и историски музеј Теракота од Виница како систематски истражувања и според предвидениот план за оваа година се работи на доистражување на просторот меѓу праисториските тумули од бронзеното и железното време, кој подоцна бил искористен за погребување со кремации во периодот од 2- 4 век од нашата ера, истакна Јулијана Иванова, археолог и директор на музејот од Виница.
Оваа година, истакнува Иванова, е планирано да се направат и контролни сонди на источната тераса на теренот која даваше показатели дека некрополата се простира на источната страна со цел да се определат границите на локалитетот.
Паралелно со истражувањата на локалитетот тече и Проектот за конзервација на керамички материјал од Коколов рид пронајден во 2014 год. и 2015 година под раководство на лиценцираниот конзерватор за керамика Перо Кованцалиев.
Во врска со презентацијата на конзервираниот и реставриран материјал од истражувањата во 2014 година, музејот Теракота изложи витрина со реконстукција на погребување со кремација од 2-3 век која е дел од постојаната поставка на музејот.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата