Продолжуваат активностите за згрижување на лицата од под Кале
Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за утврдување мерки за времено згрижување на затекнатите лица под скопско Кале.
На седницата Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, да продолжи со активностите за згрижените лица затекнати под Кале во објекти што ги користи Центарот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје, врз основа на претходна согласност на лицето, најдоцна до јуни 2018 година.
Истовремено, МТСП во рамките на предвидениот буџет за 2018 година ќе продолжи да ангажира стручни лица од граѓанските организации за реализација на предвидените активности за лицата затекнати под Кале до нивно целосно интегрирање.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ