Продолжува враќањето на патниците од банкротираната Томас Кук

Британската агенција за цивилно воздухопловство соопшти денеска дека надлежните планираат 72 лета за да се вратат уште 16.000 луѓе, откако најстарата светска туристичка компанија „Томас Кук” прогласи банкрот.
Досега, според Агенцијата, вратени се 40 проценти од вкупниот број патници кои летувале преку таа компанија.
„Томас Кук” во понеделникот објави банкрот по неуспешните преговори со кредиторите, оставајќи незгрижени повеќе од 600.000 туристи кои резервирале одмори или веќе биле на одмор во различни земји преку аранжмани од оваа компанија.
Поради пропаст на патничката компанија, стара 178 години, стотици илјади патници останаа незгрижени низ светските дестинации, нејзините „ќерки-фирми” во другите земји бараат помош, а хотелиерите во многу држави се загрижени поради намалувањето на бројот на туристите.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
