Продолжува тампонирањето улици со гребен асфалт во селата во општина Неготино
Во селата во општина Неготино продолжува тампонирањето улици со гребен асфалт. Тампонирани се улици во Тремник, Долни Дисан, Црвени Брегови и дел од Тимјаник.
Градоначалникот на општината Тони Делков информира дека бБлагодарение на одличната соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и излегувањето во пресрет на барањето на општина Неготино за отстапување на гребениот асфалт од реконструкцијата на дел од автопатот, во неколку села во неготинска општина се изврши тампонирање на улици.
Тој додаде дека со гребениот асфалт од санацијата на улицата “Маршал Тито“, предвидено е тампонирање на улици во Курија и крак во Тремник.
- Според однапред утврдената динамика за работа, во наредниот период ќе се пристапи и кон тампонирање на улици во Војшанци и мал дел во Дуброво, со што максимално и од интерес на локалното население, ќе биде искористен гребениот асфалт од автопатот и од санацијата на главната улица во Неготино, додава Делков.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата