-->
-->
Продолжува судењето за „Монструм“
-->
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.
На минатото рочиште беа презентирани докази обезбедени со посебни истражни мерки, но јавноста беше искучена.
Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
