Продолжува субвенционирањето за сончеви колектори
Министерството за економија и наредната година ќе продолжи со субвенционирање на граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори и ќе ги заменат старите дрвени со нови ПВЦ или алуминиумски енергетски ефикасни прозорци, а новина ќе биде субвенционирањето за купување печки на пелети за домаќинствата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
По ребалансот, Министерството за годинава добило 16 милиони денари за субвенционирање на вградување енергетски ефикасни прозорци, а субвенционирани се 1.327 повеќе корисници од лани.
- Во текот на годинава се субвенционирани и 1.794 граѓани кои вградиле сончеви колектори што е за над 1.000 повеќе од претходните години, рече Бектеши на прес-конференција во Владата, дополнувајќи дека Министерството за економија успеало навреме да ги реализира сите субвенционирани побарувања.
Прашан дали целосно ќе се укинат ограничувањата за продажба на алкохол, министерот за економија одговори дека преговорите се уште траат, а Министерството ќе предложи укинување на временската рамка за продажба.
Во однос на постапката за отворање на рудникот Казандол, Бектеши рече дека се испочитувани сите процедури, а за делот за загадувањето на животната средина, како што истакна, надлежно е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон