Продолжува соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Конрад Аденауер“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со регионалниот директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС) Даниел Браун, и со претставникот на КАС Македонија Давор Пашовски разговарале за актуелната политичка и економска состојба, како и за ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19 и со бегалците од Авганистан.
Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека Македонија нема капацитет и не е подготвена да прими толку многу лица од Авганистан бидејќи власта предводена од СДСМ не може да обезбеди услови за живот за македонските граѓани, а не за останатите.
-Државата тоне на сите полиња, особено на полето на економијата каде трошоците стануваат се поголеми, а граѓаните имаат се помалку пари или ги губат работните места, додека бизнисите се затвораат, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на пандемијата со Ковид-19, стои во соопштението, Мицкоски посочи дека власта заради личните интереси задоцни со набавката на вакцини и со месеци доцнеше процесот на имунизација, за сега да носи мерки кои уште повеќе создаваат поделби во општеството и ги лишат дел од граѓаните од основните права и слободи, а тие лошо се одразуваат и на бизнисот којшто едвај преживува периодов.
На средбата станало збор и за претстојните локални избори при што било договорено продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и КАС преку обуки и семинари за идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во општините во Македонија.
-Мицкоски се заблагодари за искрената поддршка од КАС во досегашниот период и потенцираше дека фондацијата отсекогаш била искрен и посветен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
