Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 111. седница ќе ја продолжи расправата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.
На дневен ред на седницата се и предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување на претседател, заменик претседател и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, за именување на член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија.
Пратениците ќе разгледуваат и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.
На дневен ред на седницата се и предлог-законите за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување, за градежно земјиште, за административни службеници, за спортска академија, по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка поднесен од група пратеници и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите