Продолжува собраниската расправа за буџетот за 2021
Актуелните политички теми ја засенија дебатата за предлог буџетот за следната година. Вториот ден собраниска расправа за полнење и празнење на државната каса помина со фокус на законот за државјанство и дали историјата ќе остане предмет во наставата. За опозицијата дополнетиот предлог буџет нем ада ги адде очекуваните резултети. Ќе продолжат задолжувањата и вработувањето на партиската војска во администрацијата, наместо да се зголеми бројот на вработени во здравствениот сектор. Додека пак за власта буџетот е развоен и ќе обезбеди одржливост.
„Висок јавен долг, а нема средства за младите доктори, за нови амбуланти, за образование...за ништо. А да, има само пари за партиски вработувања“, рече Мисајловски.
Пратеникот укажа дека е неосновано тоа што го предлага владата со продажба на државни форми и земјоделско земјиште.
„Ако така мислите да го полните, вие сте ја утнале стратегијата. Најлесно е да се продадат и да се продава, но така не се полни буџет. Нема средства за капитални инвестиции, нема пари за општините. Имате ли воопшто проекти, еве кажете со кој ќе стартувате, па вие немате никаков проект, немате работници на терен, така не може. Додека имаше вонредна ситуација не се изгради ниту една болница, не се направи ништо. Мора да има капитални проекти за да се наполни буџет, а не со продажба на фирми и земјоделско земјиште“, рече Мисајловски.
Расправата за буџетот трае најмногу пет работни дена. Ако парламентот работи и викендов не е исклучена можноста да биде донесен во недела.
Александра Костовска
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?