Продолжува швајцарската поддршка за зајакнување на Собранието

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше одбележано отпочнувањето на проектот „Програма за парламентарна поддршка“.
Проектот во висина од 11 швајцарски франци ќе се спроведува од јули 2018 година до 31 декември 2029 година, со поддршка на Швајцарија, а ќе го спроведува Националниот демократски институт (НДИ).
Собранието ќе добие поддршка во напорите за независност преку градење консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчет.
Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека десет години можеби се чинат премногу долг период во еден животен век, меѓутоа кога станува збор за вистински и темелни промени во системот на работење на една институција, како што е законодавниот дом, тие се само едно мало парче од голема сложувалка.
Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада истакна дека овој нов десетгодишен проект за парламентарно зајакнување ја надградува успешната соработка што Швајцарија ја има со Собранието во воспоставувањето и развојот на Парламентарниот институт како кредибилен, непристрасен и одржлив извор за истражување и информации за пратениците.

– Ние ги сметаме парламентарната сопственост, консензуалното одлучување, непристрасноста, квалитетот и одржливоста како принципи што имаат допирни точки меѓу себе и кои ќе ја водат нашата понатамошна соработка, рече Таједа.
Во однос на парламентарната сопственост и консензуалното донесување одлуки, таа го поздрави формирањето на меѓупартискиот Управувачки совет на Собранието со кој претседава претседателот Џафери, кој ќе обезбеди надзор и управување со проектот, и посветеноста на Собранието за стратешкото планирање и парламентарната отвореност врз кои се базираат проектните интервенции.

За да се обезбеди непристрасност и квалитет, ангажирани се имплементатори, а тимот за спроведување на Програмата за поддршка на Парламентот, предводен од Роберт Скот Хејслет го вклучува НДИ и Центарот за управување со промени и Институтот за демократија (Societas Civilis, Скопје), со институционално партнерство од Федералното собрание на Швајцарија, Европскиот парламент, естонскиот Ригикогу, германскиот Бундестаг и невладината организација со седиште во Летонија, ManaBalss.lv.
– И на крај, одржливоста, вкупниот индикативен буџет на проектот е 11 милиони швајцарски франци, за поттикнување на одржливиот развој, Швајцарија ќе придонесе со средства во државниот буџет на Северна Македонија за поддршка на реализацијата на стратешките планови на Собранието. Ова ќе и овозможи на институцијата да ја надгради и модернизира својата ИТ инфраструктура и механизмите за транспарентност, како што е собраниското емитување и веб страната, рече швајцарската амбасадорка.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
