Продолжува шестата собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на која треба да се изјасни за изборот на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.
Во општата расправа, што заврши вчера, заменик-министерот за информатичко општество Александар Бајдевски истакна дека Глигоров ги исполнува сите законски услови и оти професионално и одговорно ќе ги извршува работните обврски.
Пратениците од опозицијата го оценија изборот на Глигоров како незаконски и посочија дека со него се потврдува оти СДСМ врши целосна партизација на администрацијата.
На дневен ред на оваа седница е и разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, предлог-измените на Законот за работните односи поднесен од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај собраниската седница денеска во Парламентот, седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на чиј дневен ред е граѓанската иницијатива со предлогот за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи заедно со Предлогот на законот за изменување на Законот за работни односи на 242 граѓани доставена преку овластениот предлагач Снежана Кузмановска.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
