Македонија
9. November 2018 - 16:55

Продолжува расправата за уставните амандмани

Со 9 гласа „за“ и „7“ против Комсијата за уставни прашања го усвои нацрт-амандманот  со кој се менува Преамбулата на Уставот. Се бришат Одлуките а АСНОН како историски документи споменати во Премабулата, а се вметнува Прогласот од АСНОМ. Дополнително се вметнува и Рамковниот догвор како еден од најзначајните документи во македонската државност. Ова е втор од четирите нацрт амандмани на Уставот кои Владата ги предлжи согласно Договорот од Преспа.

Во дводневната дискусија опозицијата реагираше дека со ваквиот амандман се брише историскиот континуитет на Република Македонија. Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се задава најтешкуит антимакедонски удар во последните 100 години и се рушта уставните темели на државата.

Според власата пак, замената на одлуките на АСНОМ со прогласот ја зацврстува државноста и суверентитето, бидејки во тој докумнет се споменати и самите одлуки,но и други правни аспекти клулчни за формирањето на државата.

Во Комисијата почна и расправата по третиот нацрт-амандман со кој всушност се гарантира деека Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Пратеничлката дискусија по овој амандман продолжува викендот.