-->
-->
Продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2018
-->
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.
Со седницата од вчера претседава пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој беше овластен од претседателот на Собранието Талат Џафери откако претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ ги одложуваше закажаните продолженија.
Општиот претрес не го следат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата за финансирање и буџет ја почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година на 27 ноември. Оттогаш беа закажани неколку продолженија, но не се одржаа. Кузмановска ја одложува седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведување на пратениците од нејзината пратеничка група поради случувањата во Собранието на 27 април.
Според Деловникот, расправата по Предлог-буџетот во Комисијата трае 10 работни денови по што предлогот се става на пленарна седница каде се расправа пет работни дена.
За предложениот текст се поднесени 279 амандмани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука