Продолжува расправата во грчкиот Парламент, се гласа недоверба на Владата

Во грчкиот Парламент пред 10 часот по локално време почна третиот дел по поднесеното барање од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Договорот со Македонија е во фокусот на дискусија на грчките пратеници.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, дебатата се очекува да кулминира со говорите на лидерите на политичките партии и грчкиот премиер, а ќе заврши со гласање недоверба.
Според досега изнесените ставови, не се очекуваат изненадувања. Пратениците на СИРИЗА и Независни Грци ќе гласаат против предлогот на Нова демократија, а Владата нема да добие недоверба.
Вчерашната маратонска расправа, што траеше над 16 часа, се претвори во жестока дискусија и меѓусебни обвинувања меѓу Владата и опозицијата во однос на договорот со Македонија.
Опозициските партии обвинуваа дека договорот е лош, а акцентот го ставаат на македонскиот јазик и македонското државјанство, додека пак пратениците и министрите од владејачката СИРИЗА со аргументи ги убедуваа нивните колеги од другите партии дека договорот е во рамки на грчката национална линија, национално корисен и ги штити интересите на земјата.
Особен интерес предизвикуваат информациите во грчките медиуми дека за време на денешната расправа министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас ќе донесе документи од грчкото МНР што се однесуваат на преговорите за името во минатото.
Паралелно со седницата во Парламентот, како што вчера јави дописничката на МИА од Атина, пред зградата на Парламентот, ќе се одржи нов протест во 16 часот од организации кои што „не го даваат“ и „го бранат“ името Македонија.
Ново на Сител
-

„Не давајте пари, заработуваат повеќе од сите нас“, доктор Лазаров алармира за лажни просјаци на клиниките
-

На клиника во Дисбург Македонец со коронарна срцева болест опериран со роботски систем од страна на доктор со македонско потекло
-

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
-

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово: БМВ и камион се судрија, возилата изгореа | ВИДЕО
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
