Продолжува работната посета на Сиљановска-Давкова во Тирана
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во работна посета на Тирана, денеска ќе оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори.
Претседателката Сиљановска – Давкова вчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Таа се обрати на пленарната сесија на тема „Поттикнување на стабилноста и просперитетот преку регионална соработка и интеграција во ЕУ“.
Домаќин на Самитот беше албанскиот претседател Бајрам Бегај, а идниот претседавач со ПСЈИЕ е бугарскиот претседател Румен Радев.
На самитот учествуваа и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар; претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ; претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу; претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ; претседателот на Бугарија, Румен Радев; претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, како и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Молдавија, Михаи Попсои.
Учесници беа и министрите за надворешни работи: на Турција, Хакан Фидан, на Грција, Јоргос Герапетритис; на Романија, Емилиан Хоратиу Хурезеану; државниот секретар во министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, Фрањо Матушиќ; генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ и шефот на делегацијата на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава