Македонија
13. August 2015 - 19:19

Продолжува проектот за бесплатни учебници

Учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природните науки за седмо, осмо и деветто одделение. Со ова продолжува проектот на владата на РМ за бесплатни учебници за сите ученици во основното и средното образование, а за реализација на предвиденото ќе бидат инвестирани вкупно седум милиони евра.

Премиерот Груевски потенцираше дека ова е седма година како се спроведува овој проект, кој преставува голема финансиска помош за повеќе од 200.000 родители.

Минатата година заменети беа учебниците по Кембриџ системот за математика и природните науки за прво, второ и трето оделение, а догодина нови учебници ќе добијат учениците од седмо, осмо и деветто одделение.

Нови учебници по Кембриџ системот ќе има и за средното образование, а ќе се отвори можност и други предмети да се учат по овој систем.