Македонија
26. February 2022 - 19:52

Продолжува потрагата по 10 годишното момче кое исчезна во мариовско

Со засилени полициски единици, кучиња трагачи и голем број доброволци кои имаат и хеликоптерска поддршка втор ден продолжува потрагата по исчезнатото 10 годишно момче во прилеско Мариово, кај селото Врбско. Според таткото на детето последен пат тоа било забележано во дворот на куќата вчера попладнето околу 16 часот кога после тоа му се губи секаква трага. Го барале на сите места низ селото каде најчесто си играло, но не го пронашле. Велат досега не му се случило да се изгуби низ селото, а целиот случај го усложнува тоа што станува збор за дете со посебни потреби.

„Завртив каде што мислам дека оди по вода, завртив еднаш со викање и видов дека нема ни пискање ни викање нити плачење, се вратив и и реков на жената дека ќе земам нешто палтенца и дека ќе одам по патот да го барам на кај реката, а таа да оди нагоре да не е појдено некаде нагоре по патот, со машкото дете поголемото да бараат и тоа ми беше тука“, вели Стојо Џобески, татко на исчезнатото дете.

Околу 21.30 часот во селото прво пристигнува граничната полиција и Спасе Чакрески, добар познавач на теренот и жител на селото Витолиште и се започнува со темелна потрага низ селото, а потоа и во околината. Станувало збор за екстремно опасен терен.

„Само селото Врбско каде што е на плато е прегледно, а од сите страни е заградено со ниско стеблеста шума, во најголем дел тиса, чалија и капини и е тешко достапно. Убиствено недостапно. Родителите кажаа дека детево не зборува има ментален хендикеп, не е комуникативно и потенциираа дека доколу забалежи дека некој се движи има можност да се скрие“, кажа Спасе Чакрески, жител на село Витолиште.

Во потрагата се приклучуваат подоцна и ловџии, припадници на ТППЕ Прилеп како и членови на Спасителната служба „Златоврв“ од каде сметаат дека ако детето се загинало во 16 часот не можело да биде заминато повеќе од 5 км надвор од селото. Но иако барале во тој радиус сепак не пронаѓле никаква трага од него.

„Кога ќе се затемни човек навистина се дезориентира доколку не го познава одлично теренот. Наши претпоставки се дека момчето откако е исчезнато и пријавено дека е изгубено во радиус од 5 км. каде и го баравме и бидејќи не носело храна и топла облека претпоставуваме дека е во близина на селото“, истакна Дарко Неданоски, Спасителна служба „Златоврв“.

Се повикуваат сите кои имаат теренски возила и кои сакаат да помогнат да отидат во селото Врбско и со себе да понесат храна и вода. A sе очекува од утре во целиот случај да се вклучи и Центарот за социијални работи да се види дали досега ова семејство било корисник на некоја услуга од Центарот, но и стручни лица ќе треба да направат проценка на капцитетите на родителите и останатите деца во семејството.