Македонија
22. November 2017 - 8:26

Продолжува посетата на пратениците од Украина на македонското Собрание

 Пратеничката група за меѓупарламентарни односи на Врховната Рада на Украина денеска ја продолжува посетата на македонското Собрание.
 
Делегацијата од Украина ќе се сретне со претседателот и членовите на Пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Украина, а закажани се и средби со собраниските комисии за надворешна политика и за финансирање и буџет.