Продолжува јавната дебата за реформите во јавните набавки
Втора јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на закон ќе се одржи денеска во Струга.
На дебатата е најавено обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски.
На првата јавна дебата минатата недела во Скопје со учество на бизнисмени од стопанските комори надлежните институции најавија дека новиот закон ќе обезбеди заштита од корупција и контрола врз основа на која ќе се утврдува одговорност. Во соработка со Светска банка се спроведува проект за црвени знаменца кои ќе се вградат во електронскиот систем за јавни набавки и ќе бидат показатели на корупција.
Со законот се предлага подигање на прагот на јавните набавки од сегашните 500 евра на 1.000 евра во класичниот сектор и на на 2.000 евра во секторските дејности. Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, во вид на електронски каталог, што ќе овозможи нивно брзо и ефикасно решавање. Се предлага да се воведе и претходна контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки.
Во наредниот период јавна расправа за законот ќе се организира и во Штип. Законот треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари догодина.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон