Продолжува истражувањето на неолитската населба Врбјанска Чука

На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија овој месец продолжуваат истражувањата кои се насочени на неолитската населба формирана пред 8 000 години, како и на фазите на овој локалитет во доцната антика и средниот век.
Во теренските истражувања се вклучени археолози и студенти од Македонија, Германија, Полска, Словенија и Чешка, а во рамките на проектот се прават анализи со стручни лица од повеќе институции во Швајцарија, Шпанија, Франција и Србија.
Покрај проучувањето на материјалната култура, архитектурата, стопанството и општествените процеси, истражувањата вклучуваат и примена на геодетско документирање, археоботаника, археозоологија, геомагнетно скенирање, дигитална топографија, геоархеологија, фотограметрија и 3Д моделирање, дронска ортофотографија, изотопски, радиокарбон и функционални анализи.
Годинашните теренски истражувања на Врбјанска Чука се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп и Институтот за старословенска култура.
Ново на Сител
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
