Спорт плус
26. јуни 2016 - 11:35

Продолжува доминацијата на Србија во Светската лига

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани титулата во Светската лига, откако во финалето на завршниот турнир кој се играше во Хиџу, Кина славеше против САД со 10-7.
 
Србија ја освои десеттата титула во Светската лига, односно четвртата во низа во ова натпреварување и дополнително ја истакна кандидатурата за освојување на златниот медал на Олимписките игри.
 
Српските ватерполисти во финалниот меч прашањето на победникот го решија во втората четвртина која ја добија со 5-2. Најдобриот српски играч Филип Филиповиќ во овој период постигна три гола.
 
Во последната четвртина Србија стекна предност 8-2, а во последните пет минути Американците успеаа да изборат пристоен пораз.