Македонија
17. September 2015 - 17:05

Продолжува целосната владина поддршка за децата без родители

Од идното лето децата штитеници на Домот без родители 11 Октомви ќе спортуваат во новата спортска сала чиј темели беа поставени денеска. Мал фудбал, ракомет, одбојка, гимнастика и многу други спотови ќе можат да се реализираат во новиот објект. Покрај новата спортска сала ќе биде реконструиран и останатиот простор во дворот на домот каде ќе може да се спортува во текот на летотот. Покрај спортот за децата, инструтуцијата ќе има можност да ја издава салата од која ќе може да остварува дополнителен приход.

Поддршката за децата без родители продолжува. Покрај поголемиот фонд на парични средства кои ги добиваат од државата по напуштањето на инстутуцијата зголемен е и бројот на станови наменети за овие деца. Во зградите кои ги гради државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор десет проценти од становите се наменети токму за децата без родители. Планот е вкупно да бидат обезбедени 250 станови за нив. Само преку програмата Д10 досега се вработени 143 лица кои биле жители кои до 18 годишна возраст биле дел од категоријата деца без родители. Зголемена и е помошта која ја добиваат згрижувачките семејства.

Досега општината Центар според информациите кои ги презентираше премиерот Груевски изградени се две спортски сали, а во тек е изградба на уште една. Во план се изградба и на три спортски сали во исто толку основни училишта на територијата на оваа општина, а ќе бидат изградени и две спортски сали во комплексот факултети на Универзитетот Кирил И Методиј. Дополнително владата ќе гради и 9 тениски терени во Центар и две повеќенаменски игралишта. На територијата на цела Македонија во изминатите години изградени се над 200 спортски објекти.