Продолжи судскиот процес за 27-ми април
Обвинетите пратеници за случајот 27 април кои ги поддржаа уставните измени, не го коментираат предлог-законот за амнестија. Се надеваат оти со преземените дејства, наскоро ќе има и резултати.
На барање на тројцата пратеници, денешното рочиште не продолжи по паузата за ручек. Преку своите адвокати го известија судот оти имаат неодложна координација во собранието и бараат подолга пауза. По ова судијата ја прекина расправата. Инаку За амнестијата не говорат ниту останатите обвинети во предметот.
На денешното рочиште се прегледуваше снимка од безбедносна камера поставена во ходник пред собранискиот прес центар. На видеото се гледаа повеќемина обвинети како им помагаат на оние кои влегле, да стигнат до салата каде се наоѓаа пратениците. Видео снимки од собранието ќе се презентираат и утре.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар