Продолжи судењето за „Диво Насеље": Обвинетиот рече дека не го признава Обвинителството
Во текот на вчерашниот ден под силно полициско обезбедување продолжи судењето за хоророт во Диво Насеље. Валдет Зекај, обвинет за тероризам и терористичка организација во случајот "Диво Насеље", пред Судот призна дека учествувал во терористичките напади во кумановската Дива населба, кобниот 9 мај. Дошол за спроведување на како што вели Охридскиот договор, и го разбудило пукањето.
- "На 1 мај дојдовме во Белановце. Со амбулантни возила нe однесоа во Куманово. Ниту Мирсад Ндрецај ниту Бег Ризај беа команданти. Тие само извршуваа наредби. Ноќта ме разбуди пукањето", рече тој пред Судот, па изјави дека Обвинителството не го признава.
Обвинетиот Мирсад Ќерими пред судиите раскажа дека дошол на покана од Бег Ризај, кој му кажал дека треба да поврзе компјутери.
- "Другите зедоа униформа и оружје, јас не. Кога стигнаа хеликоптерите, ни рекоа дека треба да заминеме оти, веројатно, нe забележале. Влеговме во борова шума, а потоа со комбе продолживме за Куманово каде што се сместивме во една куќа", рече Ќерими.
За потсетување, во нападите загинаа 8 полицајци, а 40 лица беа повредени.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце