Македонија
23. September 2016 - 19:39

Продолжи протестот на тетовските ученици кои бараат превоз до училиште

Втор ден по ред средношколците од тетовските села протестираа пред општина Тетово барајќи локалната самоуправа да им го обезбеди бесплатниот организиран превоз.

Од почетокот на учебната година тие самите плаќаат, па затоа бараат општината да го надмине проблемот.

Превозниците и општината имаат несогласувања околу цените за превоз.

Одговорот на жалбата која превозниците ја поднеле до комисија за јавни набавки треба да ја реши состојбата.