Продолжи потрагата по индонезискиот авион

Спасувачки екипи утрово забележаа остатоци, за кои претпоставуваат дека се од патничкиот авион на авиокомапанијата „Тригана ер“, соопшти полицијата, пренесува БТА.
Остатоците се забележани во планинискиот регион Бинтанг, на околу 12 километри од Оксибил, каде требало да слета авионот.
Авионот што вчера се урна во планинскиот регион на Индонезија со 54 луѓе, пренесувал 6,5 милијарди рупии (околу 420.000 евра) за сиромашнитре семејства во провинцијата Папуа, изјави шефот на поштата во Џајапура.
Тој наведе дека четворица поштенски службеници биле во авионот задолжени за парите.
Потрагата по авионот вчера беше прекината поради мракот, лошите временски услови и намалената видливост.
Авионот „ATR 42“, во кој се наоѓале 54 патници. меѓу кои и пет деца, и членови на екипажот, исчезнал од радарите додека се наоѓал над реон на источната индонезиска провинција Папуа.
Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил. Летот требал да трае околу 45 минути.
Ново на Сител
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
