Продолжи отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Втор ден градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет за сработеното за последнава година откако ја добија поддршката на граѓаните во 41 општина. Преку саемот кој го организираат велат им претставуваат на граѓаните што од ветеното, го исполниле во изминатиов период.
Според универзитетскиот професор Александар Спасеновски овој настан треба да премине во пракса и на другите политички партии. Комуникацијата со градоначалникот и граѓаните треба да биде двострана, а не само во предизборната кампања кога се даваат ветувања. Вели политичарите со ветувањата само се претставуваат на граѓаните, додека со отчетноста се гледа односот кон нивните ветувања.
И според анкетите на ИРИ градоначалниците потфрлаат на полето комуникација со граѓаните. Многу често граѓаните не знаат каде да се обратат во својата општина или пак не добиваат одговор. Анкетите во 2017 и 2021 година покажале дека дури 50% од граѓаните биле незадоволни од своите градоначалници.
Првиот човек на општина Аеродром вели новата генерација градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ја менува стигмата дека градоначалниците само патувале и ништо не работеле. Вели нивната работа вродува со плод, со оглед на тоа што во последнава година ниту еден граѓанин не се пожалил дека има корупција во општините каде тие имаат градоначалници.
Заменик градоначалникот на Приштина пак, на денешниот саем укажа на важноста од меѓународната соработка со општините и вели има простор да се развие соработка и со нашиот главен град.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар